Стотина домашни компании се доставувачи на стоки и услуги за фабриките на странските инвеститори лоцирани во индустриските зони, за кои во минатата година испорачале стоки за 50 милиони евра. Фирмите што испорачуваат за странците во зоните се од областа на логистиката, градежништвото, хемиската индустрија, но и консултантски бироа, осигурителни компании, компании за изработка на алати, пластични компоненти, амбалажа и пакување. Тие лани испорачале стоки и услуги за 12 милиони евра повеќе во споредба со 2012 година. Оваа бројка е задоволителна, но може да биде уште повисока ако македонските компани станат поквалитетни доставувачи, сметаат надлежните во земјава. За начините како тие да го зголемат прометот со странските фирми, како и за интензивирањето на нивната соработка викендов вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо, разговараа со менаџерите на најголемите инвеститори во индустриската зона Бунарџик.
Стотина домашни компании се доставувачи на стоки и услуги за фабриките на странските инвеститори лоцирани во индустриските зони, за кои во минатата година испорачале стоки за 50 милиони евра.
Фирмите што испорачуваат за странците во зоните се од областа на логистиката, градежништвото, хемиската индустрија, но и консултантски бироа, осигурителни компании, компании за изработка на алати, пластични компоненти, амбалажа и пакување. Тие лани испорачале стоки и услуги за 12 милиони евра повеќе во споредба со 2012 година.
Оваа бројка е задоволителна, но може да биде уште повисока ако македонските компани станат поквалитетни доставувачи, сметаат надлежните во земјава. За начините како тие да го зголемат прометот со странските фирми, како и за интензивирањето на нивната соработка викендов вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо, разговараа со менаџерите на најголемите инвеститори во индустриската зона Бунарџик.
На средбата било посочено дека домашните компании можат да станат подобри доставувачи со стекнување меѓународни сертификати, со што квалитетот на производите би бил на повисоко ниво.
- Менаџерите посочија дека треба малку да се подобри и едукативниот процес во универзитетите. Истовремено, да се подготви листа со компании што би можеле да бидат доставувачи на зоните, но и самите странски компании редовно да доставуваат до Владата список со производи или услуги што им се потребни, а кои би можеле да се произведуваат во Македонија. Овој список ние подоцна ќе го доставуваме до коморите - изјави Пешевски по средбата.
Една од забелешките на инвеститорите, според Пешевски, е тоа што не е голем бројот на компаниите што ги имаат сите потребни сертификати да се доставувачи во зоната, почнувајќи од основниот сертификат ИСО 9001, со кој секоја компанија потврдува дека процедурите во неа се уредени согласно однапред дефинирани правила.
- Определен број компании имаат сертификати. Но, кај тие што треба да се доставувачи во автомобилската индустрија стандардите се уште повисоки и не постои македонско тело што ја врши сертификацијата, туку таа треба да се прави во странство, што за домашните компании е релативно голем трошок. Тоа е нешто на што ќе работиме за да го надминеме - рече Пешевски.
Според него, предноста на зоните е токму во тоа што потребните сертификати домашните компании може да ги постигнат во Македонија, да почнат да продаваат на компаниите во зоните и подоцна со таа референца и со тие стандарди да можат да настапат на пазарите во странство.